Најмалку шест лица загинаа кога воз на американската железничка компанија „Амтрак“ се урнал над надвозник јужно од Сиетл во сојузната држава Вашингтон.
Претставник на полицијата информирал дека според првичните информации возот најверојатно удрил во нешто на шините и поради тоа излетал и слетал на надвозик.
Според него малку е веројатно дека причината за несреќата да е неодржувaњето на пругата затоа што таа е сосема нова.
Возот паднал на автопат преку неколку возила при што повеќе возачи се повредени.
Медиумите пренесуваат дека во несреќата повредени се најмалку 77 лица.
Компанијата „Амтрак“ соошти дека во возот имало 78 патници и пет вработени лица.