Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд, постои опасност од цунами

Сподели

Властите на Нов Зеланд издадоа предупредување за можно цунами и ги повикаа лицата од целиот источен брег да се повлечат кон внатрешноста на островот или на повисоките делови, откако силен земјотрес го погоди североисточниот град Кристчерч, најголемиот остров на Јужниот Остров. Засега нема извештаи за жртви.

Потресот првично беше оценет дека имал магнитуда од 7,4 степени, но подоцна е утврдено дека станува збор за 7,8 степени. Земјотресот бил на длабочина од 23 километри, а епицентарот на 46 километри од градот Емберли, односно 91 километри североисточно од Кристчерч.

Новозеландското Министерство за цивилна одбрана и справување со криза на Нов Зеланд соопшти дека може да се очекуваат бранови со височина од 3,5 метри.

Службата за хидрометеоролошки работи на Нов Зеланд соопшти дека се забележани цунами бранови со височина од два метри во близина на Каикоура, а мали, но се уште опасни цунами бранови се забележани кај градовите Велингтон и Кеслпоинт.

untitled

 

Новозеландскиот премиер, Џон Ки на „Твитер“ изрази надеж дека сите се на безбедно по земјотресот и оти Цивилната одбрана ја проценува штетата.

Како што јавуваат локалните медиуми, жителите на главниот град Велингтон излегоа на улиците, се слушаат сирени и владее голема вознемиреност.

 

– Цела куќа се поместуваше како змија, некои работи се искршени, а снема и струја, изјави жителка на Такаке, градот кој е речиси на врвот на Јужниот остров.

Градот Кристчерч во 20011 година беше погоден од силен земјотрес со јачина од 6,3 степени, при што загинаа 185 лица, а стотици беа стотици.

meta.mk