Земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран на подрачјето кај Алеутските Острови во близина на рускиот полуостров Камчатка.
Геофизичката служба на Руската академија на науките наведе дека епиценатарот бил на 773 километри источно од островот Беринг, на длабочина од 103 километри.
Локалните власти на Камчатка соопштија дека нема опасност од појава на цунами.