Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на Австралија, соопштија австралиските сеизмолози.
Претходно, сеизмолозите соопштија дека земјотресот има потенцијал да предизвика цунами, но оваа информација сè уште не е потврдена.
Според американската сеизмолошка служба, епицентарот на земјотресот, кој бил со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала, бил на 1.704 километри од брегот на Квинстаун, на длабочина од 10 километри.
Земјотресот доаѓа три недели по потресот со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала, што го погоди југоисточниот дел на Западна Австралија. Тоа беше најсилниот потрес во последните 30 години.