Рано утринава во центарот на Париз се случила силна експлозија, за која полицијата тврди дека е предизвикана од протекување на гас, настрадале повеќе автомобили и околните објекти.
Во соопштението што го објави париската полиција се наведува дека во 9. подрачје на градот, во една пекарница прво избувнал пожар, а потоа настанала експлозија.
Во веста објавена во француските медиуми се истакнува дека експлозијата во која се повредени голем број лица е предизвикана од истекување на гас. На местото на несреќата се испратени противпожарни екипи.
Во Париз и повеќе други француски градови денеска ќе се одржат нови антивладини протести на „жолтите елеци“, поради кои низ земјата се распоредени 80 илјади полициски службеници. Засега експлозијата не се поврзува со демонстрациите.
фото Макфакс