Силно невреме во Франција – еден загинат во Париз

Сподели

Делови од Франција се погодени од силно невреме – на места наврнале повеќе од 600 литри дожд на метар квадратен. Еден човек загина во Париз, а автопатите и железничките линии се затворени.

Големи количества дожд предизвикаа поплави, евакуации и затворени автопати и железнички линии во делови од Франција. Во Париз, маж загина од паѓање на дрво, а повредени се две деца на возраст од 3 и 5 години, јавуваат француските медиуми.

Метеоролошката служба Метео Франс издаде највисоко ниво на предупредување – црвено – за шест департмани во јужниот дел на земјата, а портокалово ниво на предупредување е издадено за  34 департмани, пренесува Дојче веле.