По изведбите на дела од Томислав Зографски, Стојче Тошевски, Борис Светиев и Ана Пандевска, овој четврток, оркестарот на Македонската филхармонија ќе ја изведе симфониската поема “Апотеоза” по повод 90 години од раѓањето и 30 години од смртта на истакнатиот македонски композитор Михајло Николовски (1934–1994).
Николовски е автор на повеќе од 120 композиции од кои, некои, спаѓаат во најуспешните во својот жанр во македонската музичка литература. Како композитор тежнеел кон неоромантичарскиот израз, но цврсто ја чувал мелодиката којашто извира од фолклорното подрачје.
Симфониската поема „Апотеоза“ е последното негово симфониско дело, напишано во 1989 година.
Македонското музичко творештво е составен дел од нашата јубилејна концертна сезона