„Сите прекрасни нешта“ е насловена новата претстава на анасамблот на Народниот театар – Штип, која премиерно ќе биде изведена денеска 11 јуни, во 20:00 часот на сцената на штипскиот театар.
Претставата „Сите прекрасни нешта“ (според Данкан Мекмилан) работена по текст на Ана Ристоска Трпеноска, е во режија на Нела Витошевиќ.
Улогите ги толкуваат Ефтим Трајчов Ѓаурски, Стефанија Митовска, Марија Менчева Андонов, Милорад Ангелов, Ангела Нашкова, Дарјан Петров, Ава Хусеини, Јована Гркова, Максим Нисев. Сценографијата е на Васил Христов.
Директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, Горан Трајков изјави дека честа е огромна што токму млади таленти и музичари ќе бидат дел од еден ваков професионален проект.