Како што објаснуваат од обвинителството граѓаните барање за проверка на тоа дали телефонскиот број е прислишуван може да пратат на официјалниот маил ( jonsk@jonsk.mk), или пак преку препорачано писмо на адресата на СЈО (ул. Франклин Рузвелт бр.34,1000 Скопје).
Барањата кои граѓаните ги упатуваат до Специјалното јавно обвинителство, а се однесуваат на незаконски следени телефонски броеви. До денес пристигнати се вкупно 81 барање со кои граѓаните се интересираат дали нивните телефонски броеви биле предмет на незаконско следење на комуникациите. Барањата се однесуваат за вкупно 245 телефонски број.
-“Ја известуваме јавноста дека секое заинтересирано лице може да упати писмено барање до ова Јавно обвинителство во кое ќе го наведе телефонскиот број или телефонските броеви за кои се сомнева дека биле предмет на незаконско следење на комуникациите. Во барањето потребно е да бидат наведени и имињата на лицата кои ги користеле ваквите телефонски броеви и контакт податоците за лицата. Барањата можат да бидат доставени лично, по пошта или по електронски пат“ се вели во информацијата од СЈО.
Оттаму објаснуваат и дека по однос на сите досега поднесени барања за проверки на телефонски броеви истрагата е во тек и кога ќе бидат обезбедени сите докази, подносителите на барањата ќе бидат известени за резултатите од истрагата.
„Во оваа насока појаснуваме дека лицата за кои ќе се утврди дека користеле телефонски броеви кои биле предмет на незаконско следење на комуникациите, како и лицата за кои ќе се утврди дека биле соговорник на незаконски следен телефонски број ќе бидат повикани во својство на оштетени лица.
Воедно, имајќи предвид дека од претставници на повеќе медиуми беше изразен интерес за работата на ова Јавно обвинителство по повеќе предмети, ја известуваме јавноста дека наскоро ќе информираме за нашата работа и ќе обезбедиме податоци како за одредени предистражни постапки и истражни постапки, така и за други предмети кои се во работа во ова Јавно обвинителство, како што е предметот познат во јавноста како „Пуч“, објаснуваат од СЈО.