Скопје и утрово најзагадено

Сподели

Загаденоста во Скопје и утрово е алармантна. Според податоците на Министерството за животна средина и просторно планирање, утрово најзагадено е во скопските општини и во Кавадарци. Од скопските општини најзагадено е во Лисиче, Гази Баба и Ректорат, пренесува 24 Вести.

Во Лисиче се измерени 527 микрограми на метар кубен ПМ10 честички, што е над десет пати од дозволената граница.

Дозволени концентрации на ПМ10 честички на метар кубен се 50 микрограми.

Најопасни според познавачите се ПМ 2,5 честичките кои навлегуваат во белите дробови и се задржуваат таму. Според податоците од здравствените работници на годишно ниво во земјава како последица од загаденоста на воздухот умираат 1200 граѓани.

Според УХМР, од попладне се очекува промена на времето и расчистување на маглата. Во скопската котлина се очекува промена кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец и врнежи од дожд.