Скопје повтoрно со висoко ниво на загаденост

Сподели

Жителите на Скопје неколку дена последователно дишат загаден воздух.

Концентрациите на ПМ10 честичките според мерењата на Министерството за животна средина и просторно планирање, во саботата достигнале максимални 426 во Лисиче, вчера 596, исто така во Лисиче и во текот на ноќта до утрово највисоката концетрација е измерена од 527 во Лисиче.

И на другите мерни станици се измерени високи концентрации така што во Центар во саботата се измерени максимални 207 микрограми, Гази Баба 242, Карпош 307, Лисиче 426 и Ректорат 402 микрограми.

Во текот на вчерашниот ден, максималните се во Центар 230 микрограми, 361 во Гази Баба, 295 во Карпош, 596 во Лисиче и 532 кај Ректорат.

Од ноќеска во Карпош максималната концентрација достигнала 213, Гази Баба 326, Центар 348, кај Ректорат 376 и во Лисиче 527 микрограми.

На децата, старите лица, хронично болните од белодробни и срцеви заболувања, но и за лицата кои работат на отворен простор во загадените зони на градот им се препорачува ограничено движење и активности на отворен простор.

Итните мерки што Владата ги усвои пред еден месец стапуваат во сила во случај кога во два последователни денови на две мерни станици ќе се измерат концентрации од над 200 микрограми.