Ј.П. „Градски паркинг“ ја распиша отворената постапка за набавка на 100 нови велосипеди и 10 терминали за самоизнајмување на овие превозни средства. Пунктовите на јавните паркинзи ќе се заменат со 10 киосци на неколку фреквентни локации, од каде што би можеле да се изнајмат и да се вратат јавните велосипеди.
Секој терминал за изнајмување ќе има по 13 држачи за велосипеди, на кои ќе може да се заклучи или отклучи самото превозно средство.
Новите велосипеди ќе имаат електрични брави и интегриран GPS систем за да се оневозможи нивното крадење од несовесни граѓани.
Јавното претпријатие ќе набави и софтверска апликација за полесно користење на услугите на јавните велосипеди од страна на граѓаните.