Земјотрес повторно го затресе Скопје попладнево во 14.19 часот. Овојпат земјотресот беше со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри и се случил на 2 километри североисточно од скопското село Булачани.
Послаб земјотрес скопјани почувствуваа и претпладнево, во 11.50 часот, со јачина од 2,3 степени. До 10 часот утрово сеизмолошката опсерваторија регистрирала десетина послаби земјотреси.
По вчерашниот земјотрес со јачина од 5,3 степени, кој ги исплаши скопјани, отворен е посебен телефонски број 195, на кој сите граѓани можат да побараат проценка дали нивните објекти се безбедни за живеење.
Како што информира владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, АРМ и МВР, како и надлежните институции, се во состојба на зголемена готовност.