Скопската Зоолошка е главна вест во најпознатите светски медиуми

Сподели

 

Зоолошката градина стана главна вест во најпознатите светски медиуми поради последните случувања изминатиов период, каде се родија повеќе животни.

 

 

Фотографиите од малите лавчиња и бебето белорак гибон се најдоа како вест на денот, фото на неделата и фото избор на денот во престижни медиуми и новинарски агенции како Гардијан (The Guardian), Ројтерс (Reuters), Јаху (Yahoo), како и американските медиуми ЦНН (CNN) и АБЦ Њуз (ABC News).

Фотографиите од Скопје ЗОО направени од Роберт Атанасовски, Огнен Теофиловски, Ѓорѓи Личовски и Томислав Георгиевски беа објавени во преку 300 медиуми од 40 различни земји.

За потсетување, пролетва во Зоолошката градина во Скопје се случува вистински „бејби бум“, каде се родија три лавчиња, мала лама, бебиња кенгури, лемури, берберска овца и камила.

Во наредниот период Градот Скопје заедно со ЗОО Скопје, ќе продолжи со спроведување низа активности со кои ќе се подобрат условите на живеалиштата на животните, како и нова инфраструктурата којашто ќе овозможи подобри услови, но и поинтересни содржини за посетителите на скопската зоолошка градина.