Словенија: 14 дневен карантин за сите кои доаѓаат од Северна Македонија

Сподели

 

Словенечката Влада објави дека донела одлука сите оние кои доаѓаат од Северна Македонија да мораат да одат во задолжителен 14-дневен карантин, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Ваквата одлука важи за сите, без разлика дали се државјани на Словенија, Северна Македонија или држава членка на Европската Унија.

 

 

Епидемиолошката ситуација во Северна Македонија е вонредно тешка. Сите ониe кои во Словенија ќе дојдат од таа држава, дури и словенечките државјани, мораат да одат во 14 дневен карантин – објави словенечкото Министерство за внатрешни работи.

Карантинот за Словенците кои се враќаат дома од други земји е укинат пред три недели.