Владата на Република Словенија донела дополнителна одлука да намени хуманитарна помош за погоденото население во висина од 30.000 евра, известија од словенечката амбасада во Скопје.
– Со паричната помош, која ќе биде испратена преку Меѓународната федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина (IFRC), Република Словенија сака да придонесе за отстранување на последиците од невремето и за намалување на ризиците за несреќи во иднина – се вели во соопштението на амбасадата.
Воедно, оттаму потсетуваат дека владата на Словенија веднаш по катастрофалните поплави во Македонија, одговорила на барањето на Македонија и испратила стручњак за координација во отстранувањето на последиците од несреќата, во рамки на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија.