Случајот „Тортура“ и судењето за тортура и нечовечко постапување при апсењето на Љубе Бошкоски во 2011 година, по наредна на обвинетиот Сашо Мијалков, се враќа од почеток.
Причината е поради тоа што еден поротник од советот ненадејно поднел оставка. Иако случајот се приведуваше кон крајот, сепак, сега ќе почне од почеток.
Според законот сега случајот ќе мора да почне од воведни зборови.
Во случајот „Тортура“ обвинети се ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, тогашниот командант на единицата „Алфи“ Ивица Антевски-Пуки и уште петмина „алфи“.