Традиционалниот новогодишен концерт „Слушни! Доаѓа Новата…“ на Филхармонијата ќе се одржи вечер со почеток во 20:00 часот. Оркестарот ќе го води Елена Митревска, македонска диригентка која во моментов работи во Операта во Малме, Шведска.
На програмата се најпознатите валцери и полки од Јохан Штраус, како и дела од Бизе, Чајковски и Сен-Санс.