Со ребалансот, повеќе пари за Уставен суд, МВР и за Агенција за контраразузнавање

Сподели

Ustaven-sud-Tabla-860x680

Со предлог-ребалансот за буџетот кај поголемиот дел од државните институции има кратење на средствата од буџетската каса, но тоа не е случај со Уставниот суд, Министерството за внатрешни работи, како и со Агенција за контраразузнавање.

Така, на пример, во буџетот за 2016 година предвидените средства за Уставен суд се 35.945.000 денари, а со предлог-ребалансот таа сума изнесува 36.645.000 денари.

Во буџетот за 2016 година, предвидените средства за Агенцијата за разузнавање се 180.105.000 денари, а со новиот предлог-ребаланс предвидени средства за оваа институција се 206.106.000 денари. Тоа е зголемување за 26 милиони денари , односно речиси за половина милион евра.

Повеќе пари се предвидени и за МВР.  Со буџетот за 2016 година таа сума е 10.823.790.000 денари, а со предлог-ребалансот  11.089.290.000 денари.

На Државната изборна комисија буџетот ѝ е намален за околу 400 милиони денари, па од предвидените  531.375.000, со предлог-ребалансот таа сума е намалена на 103.875.000 денари.

Скратени се и средствата за Владата, па од предвидените 1.491.628.000 денари, со предлог-ребалансот предвидени се 1.295.528.000 денари.

За Собранието се предвидени пет милиони денари помалку средства.

http://meta.mk/so-rebalansot-poveke-pari-za-ustaven-sud-mvr-i-agentsija-za-kontrarazuznavane/