Лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ некого да обвинува за луксузирање и партизирање кога токму ВМРО-ДПМНЕ 11 години неконтролирано, тајно и расипнички ги трошеше парите на граѓаните за криминално да се богати раководството на партијата додека мнозинството граѓани беше на работ на сиромаштија. Додека функционери на ВМРО-ДПМНЕ на државна сметка правеле гозби со коњски и бизонски бифтеци, додека на државна сметка купувале костуми, чевли и уплаќале спа третмани, над 180 000 граѓани преживуваа со 40 денари на ден, а околу 500 000 граѓани живееа под прагот на сирмаштија.
Наспроти таквото расипничко трошење на парите на граѓаните и нивно осиромашување, со ребалансот на Буџетот, се решваат долгорочни проблеми, а парите се враќаат назад кај граѓаните. Ребалансот на Буџетот ги следи потребите на граѓаните, а не потребите за луксуз на поединци и партии. Преку него, Владата предводена од СДСМ, ќе им помогне на приватните компании веќе од септември да исплатат зголемена минимална плата од 12 000 денари на околу 70 000 граѓани, трајно ќе го реши проблемот со стечајните работници, ќе го зголеми ученичкиот и студентски стандард, а ќе започне и проектот „Младинска гаранција“ преку кој младите ќе добијат шанса за дообразување, вработување или платена пракса по завршувањето на образованието.