Со „Визер“ ќе се лета од Охрид до Дортмунд

Сподели

Авиопревозниотк  „Визер“ почнувајќи од шести јули воведува нова линија Охрид – Дортмунд, кој ќе лета двапати неделно, секој вторник и сабота.

Ова е дел од четирите нови авиолинии што ги воведува авиокомпанијата од аеродромот „Св. Апостол Апавел“ во Охрид предвидени со Договорот за субвенционирање со Владата, покрај кои се воведоа и четири нови линии од Меѓународниот аеродром Скопје.

Од двата македонски аеродроми, во Скопје и Охрид, Виз ер опслужува 39 рути до 16 држави. На македонските рути авипревозникот лани превезе 1,4 милиони патници, што претставува раст од 15 проценти годишно.