На жиро сметката на Фондот за солидарност на Црвен крст до денеска се уплатени 23.298.578 денари или 378.838 евра, а од донирањето на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400 собрани се 12.889.000 денари или 209.577 евра, или вкупно 588.415 евра.
Од Црвен крст информираат дека акцијата на собирање на средствата е планирана да трае 15 дена од денот на отварање на сметките, (7 август), а продолжувањето на истата ќе зависи од заинтересираноста на граѓаните и правните субјекти за донации.
– По завршување на акцијата средствата ќе бидат префлени на сметките на граѓаните погодени од поплавите согласно проценката на овластени комисии кои дејствуваат на терен – велат од Црвен крст.
Во текот на изминатите денови,нивните тимови дистрибуирале:
23.954 пакети со храна (еден пакет е наменет за 4 лица)
21.000 дневни оброци
9.700 топли оброци
9.519 литри млеко
13.322 литри јогурт
3.740 пакети со хигиена
732 бебешки пакети
191 тон вода
732 пакети пелени
556 душеци
3.708 ќебиња
600 килограми облека
491 чифт чизми
332 литри дезинтал
Од Црвен крст апелираат во активностите за донирање на хуманитарна помош да се следат инструкциите на надлежните институции и од нив, со цел поефектно справување со последиците од природната катастрофа.