Собрание на РМ: Ратификација на добросеседскиот договор и програма и приоритетите за работа на Бугарското претседателство со Советот на ЕУ

Сподели

Aмбасадорот на Бугарија во Македонија, Иван Петков, утре во Собранието ќе ги претстави програмата и приоритетите за работа на Бугарското претседателство со Советот на ЕУ, а се очекува и ратификација на добросеседскиот договор.

На седницата на Комисијата за европски прашања која ја води Артан Груби, свои излагања освен Иван Петков, ќе имаат и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров и амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар.

Бугарија на 1. јануари го презеде ротирачкото претседателство со Европската Унија за наредните шест месеци. Програмата на претседателството на Бугарија вклучува околу 1500 состаноци и состаноци на највисоко ниво во Брисел и Стразбур. Македонија очекува почеток на преговорите со ЕУ.