Собранието го изгласа ребалансот на буџетот за 2016 година

Сподели

sobranie3

Со 55 гласа „за“ и со 23 „против“, Собранието го изгласа ребалансот на буџетот за 2016 година. За ребалансот не гласаа пратениците од опозицијата, кои истакнаа дека не се согласуваат со предложениот ребаланс зашто во него е содржана и еврообврзницата која, според нив, е незаконски издадена.

Ребалансот на буџетот предвидува намалување на вкупните приходи од 177,292 милиони денари на 174,291 милиони денари и намалување на вкупните расходи од 196,276 милиони денари на 195,472 милиони.

Дефицитот е ревидиран од 18,984 милиони денари на 21,181 милион денари