Собранието денеска го донесе законот за укинување на радиодифузната такса, кој беше предложен во скратена постапка. За измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги „за“ гласаа 70 пратеници, а „против“ и „воздражани“ немаше.
Со укинувањето на плаќањето на радиодифузната такса, која беше воведена во 2005 година, се предвидува приходот, што досега го добиваше Македонската радио телевизија, преку собирање на оваа давачка, да се финансира од државниот Буџет. МРТ ќе добива 0,5 проценти од буџетот на годишно ниво, што е околу 14,3 милиони евра за 2018. Покрај од Буџетот, МРТ ќе се финансира и од приходи на кабелските оператори и од приходи остварени со продажбата на програма произведена во МРТ.