Собраниската Комисија ќе одлучува за имунитетот на осомничените пратеници

Сподели

За денеска е закажана седница на собраниската Комисија за деловничко и мандатно-имунитетни прашања, на која треба да се расправа за барањата за одземање имунитет на шестмина пратеници кои се осомничени за учеството во насилствата на 27. април во Парламентот.

Од Собранието на РМ соопштија дека согласно член 53 став 5 од Деловникот на Собранието на Македонија, претседателот на Собранието Талат Џафери, ги достави до Комисијата барањата за одобрување на притвор на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска поднесени од Основен суд Скопје I Скопје, Одделение за организиран криминал и корупција од 28. ноември 2017 година.