На вториот тендер за фотонапосна централа Караваста, Албанија, компанијата „Волталиа“ понуди продажна цена на струјата од само 24,89 евра за мегават-час, што е рекордно најниската цена во регионот. За оваа соларна електрана, „Волталиа“ ќе има 15-годишен договор со државата за фиксна цена, за половина од производството од погонот, кој е со јачина од 140 мегавати и со животен век од 30 години, објави „Балкан грин енерџи њуз“.
Премиерот на Лабанија Еди Рама и министерката за инфраструктура и енергетика Белинда Балуку, најавија дека француската компанија „Волталиа“ победи на тендерот за поддршка на производството на струја од обновливи извори со понуда од 24,89 евра за мегават-час.
Електраната Караваста ќе има јачина од 140 мегавати и се наоѓа на брегот на Јадранското море во Албанија, југозападно од Тирана. Максималната цена за мегавт-час на тендерот беше поставена на 55 евра, а ЕБОР беше задолжена за техничката поддршка. „Волталиа“ е избрана да ја гради постројката и да управува со неа, по фиксна цена ќе продава половина од произведената струја на Албанија, а остатокот слободно на пазарот, во првите 15 години.
„Владата имаше храброст да ја испланира и спроведе постапката, а наградата е најниската цена на струја на Балканот“, наведе Хари Боид Карпентер од ЕБОР, одговорен за секторот енергетика во Европа, Блискиот исток и Азија.
„Тоа ја покажува моќта на пазарот. Ако направите добро структуриран тендер приватниот секор може да стекне јавни добра, на фантастично конкурентен и креативен начин“, изјави тој.
Соларната електрана би била моментално најголемата во Југоисточна Европа, но и Грција и Романија планираат да градат огромни фотонапонски системи во своите ископи на јаглен, додека го напуштаат ова штетно фосилно гориво. Турција и Црна Гора, исто така имаат амбициозни планови во оваа смисла.
Електраната Караваста ќе се наоѓа покрај истоимената и најголема лагуна во Албанија и една од најгоплемите на Медитеранот, како и до националниот парк Дивјак-Караваста. Ќе се простира на 122 хектари во Ремас, оптштина Дивјак и уште во 76 хектари во Либофш, во соседната општина Фјер.