СОНК не се согласи со владината понуда за покачување на платите од 12 проценти

Сподели

 

Членството на СОНК не се согласи со владината понуда за покачување на платите од 12 проценти, и натаму останува на барањето за покачување од 18,4 проценти.

Продолжува штрајкот на вработените во основното и средното образование, а од денеска градинките пак ќе ги примаат децата од предучилишна возраст. Советот на Синдикатот за образование како причина за прекин на штрајкот во градинките го наведе интересот на родителите и децата, како и стопанството кое трпи поради неможноста кој да ги згрижи децата од предшколска возраст.

Синдикатот на образованието, науката и културата останува на своите барања за зголемување на платите од 18,4% и вчера не ја прифати понудата на владата за зголемување на платите за 125. Од вкупно 480 синдикални организации, 388 се изјаснија за продолжување на штрајкот и ќе продолжи сѐ до изнаоѓање на заедничко прифатливо решение со Владата. 

Во однос на градинките, Советот на СОНК одлучил штрајкот во градинките да биде во мирување.

СОНК во знак на незадоволство од резултатите од преговорите одлучи да организира масовен протест пред Владата, на 4 мај.