Сообраќајна незгода на обезбедувањето на Африм Гаши

Сподели

Попладнево сообраќајна незгода се случи на возило во кое се наоѓаа обезбедувањето на претседателот Африм Гаши, кои патуваа како претходница за посетата на претседателот Гаши во Охрид.

Информираме дека сите тројца членови на тимот се здобија со полесни телесни повреди и моментално се во стабилна состојба. На нив им е укажана лекарска помош и се наоѓаат во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид.

По пристигнувањето во Охрид, претседателот Африм Гаши се упати кон болницата и лично се увери за здравствената состојба на членовите на обезбедувањето.

Сообраќајните несреќи, особено во предизвикувачки временски услови и услови на патиштата, се несреќна реалност.

Безбедноста остануваат наш главен приоритет, и ние сме благодарни за брзата реакција на службите за итни случаи и лекарскиот тим.