Соработка на Владата со невладиниот сектор во борбата со корупцијата

Сподели

 

Заменичката на претседателот на Владата, задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска имаше работна средба со Здружението на жени од безбедносниот сектор „Уни-Форм”. Низ дискусијата беше нагласено дека зајакнувањето на капацитетите во борбата против корупцијата ќе се овозможи и преку вклучување на невладиниот сектор во активностите со што ќе се интензивира европската интеграција, а при тоа ќе се влијае и на подобрувањето на животот на граѓаните.

Вицепремиерката Грковска информираше за досегашните активности и резултатите кои се постигнати, но ги изнесе и претстојните планови на Кабинетот за политики за добро владеење кои се фокусирани на три столба, креирање на антикорупциски политики, дигитална трансформација на општеството, како и професионални, отчетни, одговорни и ефикасни институции.

Потврдувајќи ги владините заложби за интеграција на младите во општеството, таа нагласи дека оваа година во фокусот е младата популација, односно промоција на нивниот интегритет и искористување на нивните знаења во процесот на промени.

Со оглед дека борбата против корупцијата на патот кон ЕУ стана владин врвен приоритет, а заштитата на демократските процеси е заедничка обврска, на состанокот беше потврдена потребата од вклучување на сите граѓани во креирањето одговорно општество за да се унапреди владеењето на правото, еднаквоста пред законите да стане правило и доследно да се спроведат принципите на доброто владеење.