Соработката меѓу Општина Гостивар и Општина Витина ги дава првите плодови

Сподели

 

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари го пречека градоначалникот на општина Витина, Сокол Халити.

На средбата се разговараше за прифаќањето на концепт нотата за заедничка апликација во ИПА фондовите за прекугранична соработка, како и за втората фаза од аплицирањето со заеднички проекти кои ќе донесат придобивки за граѓаните на двете општини.

Во рамките на ИПА II – проект за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Косово, во нашите општини се планира да се поправи пешачкиот мост и да се прошири зелената површина и спортско-рекреативните терени.

Во Гостивар е предвидено пешачкиот мост да се изгради помеѓу двата големи моста на реката Вардар.