Состанок на министрите на ЕУ – ќе разговараат за референдумот во Македонија

Сподели

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска ќе имаат состанок во Луксембург на седница на Советот за надворешни работи на ЕУ, пренесе МИА.

На дневен ред ќе се најде актуелната состојба во меѓународните односи, вклучително и резултатите од 73. Генерално собрание на ОН.

Министрите ќе разговараат за референдумот што неодамна се одржа во Македонија, како и за изборите во Босна и Херцеговина што се одржаа на 7. октомври.

На дневен ред ќе бидат и миграцијата и ситуацијата во Либија.

Руски медиуми објавија дека министрите од ЕУ официјално ќе ги одобрат и новите санкции кон Русија за наводно користење хемиско оружје.