Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и високата претстатвничка за надворешна политика на Европската унија Федерика Могерини денеска во Брисел ќе копретседаваат на тринаестиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација.
На оваа седница ќе учествуваат и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи. Вчера министерот Димитров во Центарот за европски политики ги претстави реформските приоритети на новата македонска влада.