Премиерот Димитар Ковачевски пред платото на Владата го пречека советникот на американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле, кој денеска е во посета на Скопје.
“Топло добредојде за Дерек Шоле денеска на средба во Скопје.
Нашето силно стратешко партнерство со САД е од голема важност во годината која ни претстои, а која е исполнета со предизвици и кај нас, но и глобално. За овие предизвици, но и за многу други теми ќе разговараме на денешните средби”, изјави премиерот Ковачевски по пристигнувањето на советникот на Стејт департментот, Шоле.
Посетата на советникот на Стејт департментот на земјава е во рамки на балканската турнеја во која освен Скопје, Шоле ќе ги посети и Белград и Приштина. Целата на оваа турнеја, како што претходно нагласија од Стејт департментот, е да се нагласи трајната посветеност на САД за мир, стабилност и просперитет на Западен Балкан.