БУДИМПЕШТА (АА) – Експертите за заштита на националните малцинства во Европа ја повикаа Унгарија да ја запре „добронамернaтa сегрегација“ на ромските деца во училиштата во земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во најновиот извештај на Советот на Европа за регулирање на правните стандарди и човековите права во Европа, се наведува дека Унгарија спроведува настава во која ромските деца се одвојуваат од останатите.
Како што е наведено, „одвојувањето на ромските деца во наставната програма е неефикасно и дискриминаторски“.
Инаку, Ромите сочинуваат осум отсто од вкупниот број на населението во Унгарија, кое брои околу 10 милиони.
Советот на Европа во својот извештај потсетува и на унгарскиот премиер Виктор Орбан, чија реторика кон бегалците и кон барателите на азил ја нарекува „ксенофобична и нетолерантна“.
Орбан во последниве неколку месеци, во неколку наврати истакна дека Унгарија нема да прима бегалци. Тој ги нарече „голема закана за Европа“ и истакна дека бран бегалци им се заканува на европските христијански корени.