Советот на јавни обвинители ќе каже дали СЈО е надлежно за случајот на Зоран Божиновски

Сподели

obvinitelstvo1

Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција чека насоки од Советот на јавни обвинители за предметот во кој обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и за уцена е Зоран Божиновски, а е дел од случајот „Шпион“, информираат од службата за односи со јавноста на јавното обвинителство.

„Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја почитува претходно донесената одлука на Советот на јавни обвинители како единствен надлежен орган што ја оценува законитоста во работењето на обвинителствата. Оттука, а имајќи предвид дека станува збор за дел од истиот предмет, за поднесеното барање побара насока за постапување од Советот на јавните обвинители“, пишува во соопштението.

На 11 август Специјалното јавно обвинителство побара од ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, да го преземе и предметот со Зоран Божиновски, кој е поврзан со случајот „Шпион“ за кој СЈО веќе има надлежност.

Истрагата за Божиновски е дел од предметот „Шпион“ од 2013 година, но таа беше запрена поради неговата недостапност сè до 21 април годинава, кога тој беше екстрадиран од Република Србија во Република Македонија.

meta.mk