Советот на јавни обвинители утре ќе заседава за разрешување на Јанева

Сподели

Советот на јавни обвинители утре во 11 часот ќе одржи седница на која треба да ја започне постапка за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева откако таа беше приведена поради злоупотреба на службената положба и овластување во случајот „Рекет“.

Седницата на Советот ќе биде затворена за јавноста.

Претхоно од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Советот ги испратија списите за предметот потребни за разрешување на Катица Јанева.

Остана дилемата дали ќе се назначи в.д. специјален обвинител или ќе се чека 15 септември да истече мандатот на Јанева заедно со нејзиниот тим обвинители.