Македонскиот капитен Кирил Лазаров по вечерашниот пораз од Словенија (22:29) рече дека шансите за пласман во следната фаза не се изгубени, напротив, како што рече, Македонија се уште е во добра позиција.
– Овој пораз доаѓа по двете стартни победи и една еуфорија во која влеговме и ние и јавноста. Натпреварот не го одигравме на високо ниво. Тргнавме лошо, имавме неколку промашени „зицери“ а противникот тоа знаеше да го казни. Словенците обезбедија предност и потоа беше тешко да се вратиме во игра. Можеби ќе звучи и чудно во овој момент, но не е важно дали ќе загубиш со еден гол или со десет, едноставно ги загубивме овие бодови, и одиме понатаму. Се уште сме во игра и имаме добра позиција, изјави Лазаров.