Сите 1.300 луѓе кои беа на крузерот на кој му откажа моторот недалеку од западниот брег на Норвешка се спасени, соопштија норвешките официјални претставници. Осум лица се повредени, а тројца се во критична состојба, јави Би-Би-Си.
На крузерот „Викиншко небо“ , најмногу имаше Британци и Американци.
Пет хеликоптери и неколку спасувачки бродови учествуваа во спасувачката акција во текот на целата ноќ, а еден од бродовите имал проблеми со моторот, така што два хеликоптери биле пренасочени за спасување на екипажот од тој брод.
Норвешкиот метеоролошки институт соопшти дека временските услови се многу неповолни, со бранови што достигнувале височина од 10 метри.
Бродот припаѓа на „Викинг оушн Крузес“, дел од „Викинг Круз груп” на норвешкиот милијардер Торстен Хаген – пренесува МИА.