“Во врска со препораките на Владата за преземање на мерки за
расчистување на поголеми групи на луѓе јавни простори, како една
од мерките за справување со корона вирусот, СВР Скопје презеде
мерки за расчистување на поголема група на млади на Водно.
Уште еднаш апелираме до младите да ги почитуваат мерките на
владата” – се наведува во соопштението на МВР.
„Синоќа млади лица во голема група отидоа на Водно и полицијата мораше да интервенира. Апелирам сега и до родителите, не може да има одговорност ако родителите дозволуваат во една ваква кризна ситуација децата да бидат надвор и да бидат заедно. Со тоа не ги штитат ниту децата, ниту нас. Затоа апелирам до сите, да се почитуваат мерките“, рече техничкиот премиер Оливер Спасовски.
Со одлука на Владата, сите локали треба да работат до 18 часот и да ги применуваат мерките за заштита и спречување од ширење на коронавирусот.