Почитувани граѓани,
Во недела секој од нас има можност да го искористи своето уставно право,
суверено и самосвесно да одлучуваме за нашиот сопствен избор.
Министерството за внатрешни работи, согласно своите надлежности го следи
целиот изборен процес, а се со една единствена цел – денот на гласање да мине
мирно, непречено и достоинствено како што прилега на едно демократско и
слободно општество.
Во изминатиот период полициските службеници минаа низа плански активности за
квалитетно и ефикасно набљудување и обезбедување на севкупниот изборен
процес од неговиот почеток до неговиот крај.
Почитувани граѓани,
Министерството за внатрешни работи е целосно подготвено да обезбеди достојна
и безбедна атмосфера, во која што секој наш граѓанин ќе може да си го оствари
своето свето избирачко право.
Подготвени сме одлучно и бескомпромисно да го превенираме секој обид за
нарушување на избирачкиот процес независно каде или од кого. Бидете сигурни
дека законите и граѓанската волја ќе бидат целосно испочитувани.