Ги поставивме основите за правна држава и сега е на ред правосудството да се прочисти од корумпирани судии и обвинители.
Покажавме дека нема, како до пред три години, нарачани пресуди, тефтерчиња, нема „Ало судија“.
Ние, во изминатите три години работевме на свеста и на одговорноста на извршната власт – никој да не помисли да се меша во работата на правосудната власт, како што тоа се случуваше во мрачните времиња на режимот.
Го донесовме Законот за јавно обвинителство што гарантира дека сите предмети со висока корупција, мора да имаат судска разрешница.
Во нашата Програма се обврзуваме на ред, дисциплина и правда. Прв приоритет во овој дел е прочистување на правосудството, во кое што се наоѓаат остатоци од груевизмот.
Судиите и обвинителите имаат обврска да испорачаат владеење на правото, во кое што законот е еднаков за сите.
Купување правда, монтирани случаи, жртви на режим – тоа е минато!
Секој кој ќе се дрзне да се вмеша во такво нешто, па дури и да се тоа обвинители и судии, ќе мора најде под лупата на правдата.
Нашата држава влезе во НАТО и следува отворање на преговорите со ЕУ, каде во првите поглавја е правосудството и почитувањето на човековите права.
Правдата не е избор, туку должност на оние кои во име на граѓаните ги водат институциите, поради што имаат и обврска да се отчетни, транспарентни, чесни и правични пред себе и пред граѓаните и пред државата.
Ние така работиме, целиме кон ЕУ – така мора да работи и правосудството.
Затоа во нашата Програма се обврзуваме на ред, дисциплина и правда. Тоа значи сигурност.
Спротивното е опасност: обнова на режим, нови закани, нови уцени, монтирани судски пресуди, пусти надежи на Груевски, обновен во Мицкоски.
Назад веќе нема, на прав пат сме да обезбедиме вистинска правна држава и продолжуваме да работиме во таа насока, уште повеќе и уште подобро.