СПАСОВСКИ: ПАРТИЈАТА ВЕЧЕРВА ЌЕ ГИ СООПШТИ ИМИЊАТА НА НОВИТЕ МИНИСТРИ И ЗАМЕНИЦИ МИНИСТРИ

Сподели

OLIVER SPASOVSKI

Генералниот секретар на СДСМ и поранешен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска не сакаше да ги открие имињата на министрите и на замениците министри кои треба да ги именува СДСМ во преодната влада за организирање на предвремените парламентарни избори. Тој не сакаше да каже дали тој ќе биде старо-нов министер за внатрешни работи.

– Вечерва ќе заседаваат највисоките органи на партијата и таму ќе се одлучи кои ќе бидат имињата на министрите и на замениците министри – изјави Спасовски.

Спасовски, кој присуствуваше на презентацијата на истражувањето „Ставот на граѓаните околу работата на полицијата“, рече дека мора посветено да се работи на искоренување на корупцијата во политиката и на враќање на довербата на граѓаните во оваа институција.