Спасовски: Убиството на малолетничката е извршено на локација надвор од Скопје

Сподели

 

На денешната прес конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на прашањето каде било извршено убиството, појасни дека утврдено е дека двете лица кои биле со возилото „цитроен“, по претходно добиена информација која ја имале вечерта пред извршувањето на грабнувањето дека девојчето ќе биде само и во колку часот, во влезот од зградата го земаат и потоа  било внесено во возилото.

„Пред возилото ‘цитроен’ се наоѓа возилото ‘рено’, кое што цело време се движи пред нив и е однесено на локација надвор од Скопје. Според сведоците таму е извршено убиството, а после тоа е запалено возилото“, истакна Спасовски.