Одѕивот на гласачите, според ПВТ програмата на МОСТ, до 16 часот е 26% со маргина на грешка од +/- 0,4%.
Од набљудувачите и регионалните координатори на МОСТ добиени и потврдени се следните информации за текот на гласањето:
• На ГМ 2893/1 во општина Чаир 11 лица не се пронашле на Избирачкиот список.
• На ГМ 2828 во општина Центар регистрирани се 12 случаи на групно гласање.
Доколку граѓаните не можат да се пронајдат во Избирачкиот список на избирачкото место во кое обично гласаат, ги советуваме да ги проверат описите на останатите избирачки места во објектот или да проверат на веб-страницата http://izbirackispisok.gov.mk, со цел да го лоцираат точното избирачко место каде може да гласаат.
Следната прес-конференција со излезност до 18:00 часот МОСТ ќе ја одржи во 19:15 часот
Проектот „Домашно набљудување на референдумот 2018“ е поддржан од: Националниот демократски институт, Британската амбасада Скопје и Амбасадата на Кралството Холандија.
Ставовите во ова соопштение се одговорност на МОСТ и не ги одразуваат секогаш ставовите на поддржувачите на проектот.