Спортските натпревари ќе се одржуваат без публика

Сподели

 

На седница на Владата одлучено е да престане важењето на забраната за одржување спортски натпревари во колективните спортови и ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести, федерациите да го отпочнат организирањето спортски настани со стриктно почитување на упатствата за натпревари, без публика, како и на другите препораки за запазување на здравствената безбедност на играчите и останатите лица вклучени во натпреварите.

Исто така, се донесоа и Протоколи за спроведување на мерки за заштита од ковид-19 при организација на настани, промотори, рентал компании, видео и аудио продукции и техничка поддршка на настани, за упис на ученици во јавните ученички домови во учебната 2020/2021 година, за работа на танцовите и балетските клубови, за вршење на меѓуградски превоз, како и Препораки и упатства за спречување на ширење на ковид-19, при влез на македонски и странски државјани во земјава.