Средба Блинкен-Османи: Обединети во одбрана на современите демократски вредности

Сподели

 

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен кој во Скопје допатува по повод учеството на 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ, попладнево се сретна со министерот за надворешни работи и претседавач на ОБСЕ Бујар Османи.

 

 
 
“Како стратешки партнери и НАТО сојузници стоиме обединети во поддршката за Украина и одбраната на современите демократски вредности и принципи, изјави министерот Бујар Османи.
 
Поздравена одлуката што го отвара патот Малта да биде иден претседавач со ОБСЕ во 2024, што претставува значаен успех за нашето претседавање и иднината на ОБСЕ.
 
Посетата е уште една потврда за новиот однос меѓу двете дипломатии што започна минатата година кога го лансиравме Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД, во Вашингтон, додаде Османи.”