Средба Џафери – Абдулах бин Мухамед Ал Шеикх

Сподели

 

На денешната средба со Н.Е. Абдулах бин Мухамед Ал Шеикх, претседателот на Собранието на Кралството на Саудиска Арабија, претседателот на Собранието на РС Македонија, Талат Џафери, му посака добредојде и ги поздрави досегашните добри и пријателски односи меѓу двете земји.

Истакна дека ваквите посети од највисоки претставници на Саудиска Арабија се поттик за понатамошно зајакнување на соработката на повеќе нивоа, со акцент на потребата од интензивирање и зајакнување на взаемната политичка комуникација на сите нивоа, а особено и на економски план. Претседателот Џафери особено ја потенцираше парламентарната соработка и ги поздрави досега прифатените иницијативи од страна на Саудиска Арабија за потпишување на повеќе билатерални договори во разни области. Ги информираше соговорниците за стратешката определба на Република Северна Македонија како држава и воедно и дел од НАТО алијансата да се стреми секогаш кон мирот и мирното решавање на конфликти и во таа насока изрази надеж дека воените дејствија на Блискиот Исток и во Украина што поскоро ќе завршат. Ја поздрави досегашната соработка на мултилатерален план а ја нагласи и можноста во наредниот период заеднички со Кралството на Саудиска Арабија да се работи на план за искористување на економскиот потенцијал и зголемување на трговската размена.

 

 

Претседателот на Собранието на Кралството на Саудиска Арабија, Н.Е. Абдулах бин Мухамед Ал Шеикх се заблагодари на топлиот прием во Собранието на Република Северна Македонија и средбата со претседателот Џафери. Потврди дека овие средби се корисни и за двете страни, особено во насока на зајакнување и зближување на взаемните меѓудржавни односи. Во таа насока, тој му предложи на претседателот Џафери во наредниот собраниски состав на Собранието на Република Северна Македонија да се формира посебна група за соработка конкретно само со Кралството на Саудиска Арабија а упати и вербална покана за официјална посета на Кралството на Саудиска Арабија во наредниот период.

 

 

„Ние како земја и нација сме определени за мир и соработка со сите земји во светот и во таа насока би сакал да работиме со Вашата земја на поголемо искористување на економскиот потенцијал кој го имаме“, нагласи на крајот на своето излагање претседателот на Собранието на Кралството на Саудиска Арабија, Н.Е. Абдулах бин Мухамед Ал Шеикх.