Претседателот на Владата Димитар Ковачевски се сретна со Лариса Ди, новоименуваната амбасадорка на Украина во земјава.
На состанокот е изразена благодарност за навремените и конзистентни политики на Северна Македонија на линија на надворешната политика на ЕУ, во однос на ситуацијата во Украина, како и за донациите од помош за украинскиот народ.
Премиерот Ковачевски нагласи дека Република Северна Македонија најостро ја осудува руската агресија врз украинските граѓани и дава целосна поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.
Претседателот на Владата Ковачевски изрази поддршка и за интеграциските аспирации на Украина, како демократска земја којашто припаѓа во демократските сојузи на држави.
Заеднички е констатирано дека е неопходно Руската Федерација веднаш да ги повлече трупите од окупираните територии во Украина и да отпочнат мировни разговори.
Разговарано е и за последиците од војната во Украина, коишто се рефлектираат со предизвици во снабдувањето со енергија и храна во целиот свет, како и за можностите за нивно надминување.
Претседателот на Владата Ковачевски најави дека Република Северна Македонија, како држава членка во НАТО и земја којашто ги почна преговорите со ЕУ, продолжува со принципиелните политики за одбрана на мирот, поставена целосно на линија на таквите надворешни политики на НАТО и на Европската Унија.
На средбата се потврдени пријателските билатерални односи помеѓу двете држави и определбата за унапредување на економската соработката, во областа на енергетиката, инфраструктурата, туризмот.