Средба на Димитров и Никос Христодулидес, МНР на Република Кипар

Сподели

 

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ќе биде домаќин на министерот за надворешни работи на Република Кипар Никос Христодулидес, кој ќе престојува во прва официјална билатерална посета на ниво на МНР, на Република Северна Македонија.

Министерот Христодулидес ќе биде примен и од претседателот на државата Стево Пендаровски и претседателот на Владата Оливер Спасовски.

На средбата предвидено е да се разговара за билатералната соработка и состојбата во регионот, особено за неговата европска и евроатлантска перспектива, како и за поддршката што Република Кипар и’ ја дава на Република Северна Македонија во тој контекст.

Во фокусот на средбата ќе бидат и можностите за унапредување на политичкиот дијалог во периодот што следи со цел збогатување и интензивирање на соработката во различни области.